Охридскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“, успешно ја продолжува 55-годишната традиција на хорско пеење во Охрид. Некогаш познат како градски хор, „Вокс Лихнидос“ денес е извонреден спој на вљубеници во хорското пеење, кои успешно ги предводи диригентот Бурим Хидри.
Хорот „Вокс Лихнидос“ високата класа ја потврди и на неодамна одржаниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во катедралната црква Св. Софија, на кој, меѓу другото, во извонреден аранжамн го изведе планетарниот хит на „Јазу“ (Jazoo) – „Only you“.
Градскиот мешовит хор „Вокс Лихнидос“ со успех настапува на фестивали, јавни настани и концерти, а работата на овој исклучително квалитетен музички состав не престанува и во време на корона криза.
OhridNews