Претходно од трката испаднаа Жарко Јордановски од Фокус, Мира Костиќ од Македонско радио, Менде Младеновски од Битолски весник и Аљоша Симјаноски од МРТВ.
Битката за ЗНМ ја доби Селмани
На Собранието беа избрани новите тела и органи на ЗНМ.
Незадоволни од односот на колегите околу случувањата при финансиската контрола на фирмите кои се наоѓаат во исти простории со А1 телевизија, новинарите од од оваа медиумска куќа го напуштија Собранието непосредно пред гласањето. Собранието на ЗНМ го бојкотираа и новинарите на „Сител“, „Вечер’, „Време“ и „Шпиц“.