Комплексот згради и куќи во околината на Општата болница, се поврза со градскиот канализационен систем. Оваа инвестиција со која се изградени вкупно 5 илјади метри канализациона мрежа, за фекални и отпадни води, ја реализираше Охридската локална самоуправа.


Надлежните во општината информираат дека изминативе неколу дена биле спроведени завршните работи од реализирањето на сите активности од овој градежен зафат, кој  се вбројува помеѓу еден од најголемите комунални зафати на подрачјето на градот.

OhridNews