Американската вселенска агенција НАСА снимила на средината на февруари вртлог од прашина на Марс, широк 30 и висок 800 метри, кој наликувал на торнадо. Иако атмосферата на Марс е многу тенка, до таа мера што чини само еден стоти дел од воздушната прекривка на нашата планета, ветровите на Марс се доволно силни да направат вртлог.

Како што е случај и на Земјата, ветровите на Марс се под влијание на Сонцето. Фотографијата на торнадото е направена на 16 февруари, во моментот кога Марс е најоддалечен од нашето сонце. Челниците на НАСА откриле дека овој вртлог настанал на прилично ведар ден, а ова е само една од повеќе од 20 илјади фотографии од Црвената планета.