Опсерваторијата за соларна динамика (Solar Dynamics Observatory) на американската агенција за вселенски истражувања NASA, во петокот на 31-ви август снимила драматична експлозија на Сонцето, пренесува „Макфакс“.
На снимката под екстремната ултравиолетова светлина е прикажана спектакуларна експлозија на вжарени ништо. Снимката е забрзана, бидејќи всушност го прикажува процесот кој трае три часа, напомнуваат од NASA.
Се предвидува дека радиоактивниот облак кој настанал од експлозијата ќе пристигне до Земјата во понеделник, но експертите очекуваат дека ќе предизвика само незабележителна геомагнетна бура.
извор:„Макфакс“