Астероидот 2015 ТБ145 ноќва би требало да помине покрај Земјата на оддалеченост од само 479,000 километри, јавува „Макфакс“.
Во прашање е блиска средба каква што ретко се случува, а од НАСА, по внимателно проучување, заклучиле дека најверојатно станува збор за ’мртва’ комета, односно голема ’карпа’.
Но 2015 ТБ145 ќе остане запаметен по еден необичен детаљ: оваа мртва комета, имено, според изгледот многу потсетува на череп. Со оглед на фактот дека одлучил Земјата да ја посети на Ноќта на вештерките, им даде повод на теоретичарите на заговори да заклучат дека тоа не е случајно.
Помалку морничавата комета не би требало да претставува никаква опасност за Земјата, бидејќи иако се движи со брзина од околу 12,600 километри на час и е голема колку просечен облакодер, не би требало да има никаков контакт со нашата планета.
OhridNews
извор:„Макфакс“