НАСА има намера да „улови“ астероид и да го стационира околу месечината, како би можела на него да испрати астронаути. Претставниците на оваа вселенска агенција го именувале „најверојатниот кандидат“, а станува збор за асгероидот “2011 MD”, кој пред три години пролетал покрај Земјата на оддалеченост од 12 илјади километри.
НАСА планира да го сопре со помош на џиновска дигалка или да го улови со активирае на огромна вреќа на надувување. Во агенцијата разгледуваат и друга варијанта, да испратат вселенски брод на поголем астероид, да издвојат од него едно шарче и да го пренесат до месечината.