Вселенски телескоп на американската вселенска агенција (НАСА) го открил досега најголемиот и досега никогаш не виден прстен околу планетата Сатурн.


Лабораторијата на НАСА соопштила дека прстенот се наоѓа далеку, но во рамките на системот на Сатурн и дека се состои од деликатни честички мраз и прашина.

Прстенот е многу широк и малку видлив, бидејќи нема многу светлина во него, но со инфрацрвените зраци на телескопот Спицер успеал да се детектира.