Американската вселенска агенција НАСА соопштила дека синоќа пронашла 715 нови планети надвор од Сончевиот систем и тоа благодарение на вселенскиот телескоп Кеплер. НАСА навела дека досега се пронајдени 1700 екстрасоларни планети од 3600 можни такви планети. Околу 95 проценти од откриените планети се помали од Нептун, кои е четири пати поголем од Земјата. Четири од планетите се два и пол пати поголеми од Земјата и на нив е пронајдена вода, што овозможува некој облик на живот.

Сите пронајдени планети се вртат околу свои ѕвезди кои ги има вкупно 305. Претствникот на НАСА Џејсон Роув навел дека со ова откритие дознале дека таквите планети надвор од Сончевиот ситем се помали по големина а орбитите им се тркалезни. Всленскиот телескоп Кеплер е лансиран со цел да открие планети слични на Земјата кои се наоѓаат во орбити околу други ѕвезди. Телескопот добил име по германскиот астронаут Јохан Кеплер. Лансиран е во март 2009 година и ќе остане во вселената до 2016.