Американската вселенска агенција НАСА откри егзопланета со големина на Земјата, којашто орбитира околу мала ѕвезда оддалечена околу 100 светлосни години.
Планетата наречена ТОИ 700 е, веројатно, карпеста и речиси со иста големина како нашата планета. Небесното тело ја претставува четвртата откриена планета што орбитира околу малата, студена џуџеста ѕвезда М ТОИ 700. Сите планети се откриени од страна на истражувачкиот сателит за егзопланети на НАСА, познат како ТЕСС.
Друга планета од истиот систем, која беше откриена во 2020 година и наречена ТОИ 700 д, исто така е слична по големина на Земјата. Овие две егзопланети се наоѓаат во „зоната на живот“ на нивната ѕвезда, односно на растојание што би можело да значи постоење на вода на површината. Можноста за вода значи дека планетите би можеле да бидат погодни за живот или некогаш биле.
Откривањето на новата планета беше официјално потврдено на 241-от состанок на Американското астрономско друштво.
Најблиску до ѕвездата е планетата ТОИ 700 б, која има 90 отсто од големината на Земјата, но еден круг околу ѕвездата ѝ трае 10 земјини денови. Тука е и ТОИ 700 ц, кој е 2,5 пати поголем од нашата планета и еволуира за 16 дена, и како и првата, секогаш е свртени кон ѕвездата со истата страна, како што Месечината, на пр., секогаш е свртена кон Земјата со едната, иста страна.
Други две егзопланети во зоната на живот на ѕвездата, наречени Д и Е, имаат подолги орбити кои траат, соодветно – 37 и 28 дена. Тие се подалеку од својата ѕвезда. А, новооткриената планета всушност се наоѓа меѓу овие две.
Мисијата ТЕСС почна со работа во 2018 година. Цел на набљудување првично беше јужното небо, а потоа се сврте кон север. Во 2020 година, мисијата се врати на југ и ја откри четвртата планета во системот ТОИ 700.
OhridNews