Со помош на телескопот Pan-Stars 1 тим научници од НАСА откри мал астероид што кружи околу нашата планета околу 100 години. Се претпоставува дека астероидот ќе продолжи да кружи околу Земјата уште неколку векови.

Станува збор за астероид со пречник меѓу 40 и 100 метри, кој не претставува никаква опасност за Земјата, барем не во следните 200 години.

Неговата максимална оддалеченост е сто пати поголема од оддалеченоста на Месечината од Земјата.

OhridNews
Извор:„Кајгана“