Aмериканската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави слики од најголемата планета во Сончевиот Систем – Јупитер, направени со најголемиот вселенски телескоп во светот, „Џејмс Веб“.
Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сѐ ова е прилично неверојатно… Не очекувавме дека ќе биде толку добро, да бидам искрена, изјави астрономот Имке де Патер од Универзитетот на Калифорнија, во Беркли, САД.
Вселенскиот телескоп ги направил снимките во јули, на коишто има досега незабележани погледи на северното и јужното светло на Јупитер и вртлогот на поларната маглина. Големата Црвена Дамка на Јупитер, бурата поголема од Земјата, јасно се издвојува меѓу безброј други помали вртлози.
OhridNews