Во меѓународната вселенска станица НАСА ќе вгради посебно тоалети вредни 19 милиони долари. Но, Русите на вселенската станица нема да можат да ги користат новит вециња, туку своите стари.

Имено, НАСА скапоцените тоалети ги купила од една руска фирма која произведува продукти за во космосот, ама новите одаи сепак ќе ги користи само американската половина од посадата.

Високата цена на овој тоалет се оправдува со можноста и способноста на апаратот да ја рециклира урината во питка вода. Старомодните вселенски клозети ја пуштале „водата“ во бескрајниот простор на вселената.

На мнение сме дека Русите и не треба да се лутат што нема да го користат новиот тоалет. Барем додека не се потврди квалитетот на „рециклираната“ урина. А за тест – тука се Американците.

С.К.