Беспилотниот брод Orbital ATK Signus замина на пат во вселената од Меѓународната вселенска станица за да изведе еден од трите планирани експерименти на НАСА за да се даде одговор на прашањето како пожарот се шири во вселената, што е мошне важно за безбедноста на астронаутите.

-Претходните експерименти во вселената беа ограничени при палењето на примероците, кои треба да не бидат поголеми од лист хартија од мала тетратка. Со години се трудевме да најдеме возило и околности во кои тоа би можело да се изведе, но сите не одбивале, објаснува Дејвид Урбан, главниот истражувач за експерименти со оган во вселената.

Американската агенција за истражување на вселената најпосле се согласила да се искористи бродот Orbital ATK Signus, кој е дизајниран да изгори во атмосферата откако ќе се оддалечи од Меѓународната вселенска станица. Откако бродот ќе биде на доволна оддалеченост, модулот Сафир, кој е направен од стаклени влакна и памук ќе се запали. Експериментот ќе започне на тој начин што врели жици ќе го запалат Сафир. Воздухот кој тече низ каналите ќе допира до огнот, за кој се очекува да гори 20 минути.

-Едно од големите прашања е колкав ќе биде пламенот, изјавил Дејвид.

Огнот се однесува различно надвор од Земјината атмосфера, па научниците сакаат да тестираат дали микрогравитацијата ќе го ограничи пламенот и кои материјали ќе ги зафати.

Сензорите ќе ги снимаат температурите, нивото на кислород и јаглероден-диоксид, додека камерите ќе фотографираат. Потоа овие податоци ќе бидат пратени до Земјата во наредните четири до шест дена. НАСА во наредниот период планира уште два слични проекти.

OhridNews
Извор „Идивиди“