Доколку постои живот надвор од Земјата, го има на егзопланетите – планети слични на нашата кои орбитрираат околу сонце. Првата таква е откриена во 1988, а оттогаш наваму откриени се уште 3500 такви.
Сега НАСА има нови информации. Вселенската научна агенција за денеска најави прес конференција на која ќе соопшти големо откритие поврзано со вонземскиот живот.
Минатата година сателитот Кеплер откри 104 егзопланети, меѓу кои и најголемата откриена до сега. Четири од нив ветуваат дека на нив има услови за живот.
OhridNews