Како што пренесува белградски „Блиц“, астероидот 2011 АГ5, со пречник од 140 метри ги загрижил научниците и специјалниот тим на ОН за следење на небески тела во близина на Земјата, кои ги разгледуваат можностите за негово скршнување од траекторијата.
Според проценките веројатноста овој астероид да удри во Земјата е 1:625, а доколку погоди населено место можни се милионски жртви.
Нема опасност човештвото да ја доживее судбината на диносаурусите за кои се верува дека изумреле пред 60 милиони години по пад на гиганстки астероид во Мексиканскиот залив чиј пречник бил 14 километри.
НАСА разгледува опции за испраќање сонда која би го променила правецот на движење на опасниот астероид под влијание на гравитација, а не се исклучува и употреба на нуклеарно оружје.