Научниците на НАСА тврдат дека оваа година би требало да биде врвот на 11 годишниот циклус на соларната активност, но се изненадени од активноста која е пониска од очекуваната, пренесува „Макфакс“.
Имено, бројот на сончевите дамки е далеку помал, а соларните пламени не се толку зачестени.
На сликата на сончевата страна што е свртена кон Земјата, снимена на 28 февруари, се гледаат само неколку сончеви дамки, а вообичаено е при споменатиот пик на активноста таа страна да биде многу поактивна.
Но, Дин Песнел од центарот за вселенски летови Годард, тврди дека ова е затишје и врвот на активноста допрва доаѓа. Се смета дека ова навистина е соларен максимум, но дека станува збор за нетипично однесување на Сонцето и дека е вообичаено соларната активност да варира во циклусот.
извор:„Макфакс“