Просечната глобална температура измерена минатата година е деветта највисока температура во историјата на модерните метеоролошки мерења, со што е продолжен трендот на глобално затоплување според кој девет од десет најтопли години се забележани по 2000 година, објави НАСА.

Како што пренесува „Макфакс“, просечната темпратура на површината на Земјата минатата година била 0,51 степен Целзиусов повисока од просекот за средината на 20-от век, објави Институтот за вселенски студии Годдард на маериканската агенција за вселенски истражувања НАСА, којшто ги објави мерењата од 1880 година.

Првите 11 години од 21-от век биле значително потопли од просекот на средината или крајот од минатиот век, рече директорот на институтот, Џејмс Хансен. Единствена година од 20-от век којашто се наоѓа меѓу десетте најтопли е 1998 година.

Во изјавата на НАСА се наведува дека сегашните високи темпратури, главно се последица на сé поголемата концентрација штетни гасови во атмосферата, особено јаглероден  диоксиод.

Јаглеродниот диоксид се емитира со разни човечки активности, од производство на струја во термоелектраните на јаглен, до возењето на автомобилите со погонски мотори на фосилни горива.

Сегашните разлики на јаглероден диоксид во атмосферата ги преминаа 390 делови на милиони (ппм) во споредба со 285 ппм во 1880. и 315 ппм во 1960 година.

OhridNews
извор: „Макфакс“