Е сега и ти. Абре батали ги сами ќе си го решиме овај проблем, ние народов во НСРМ. Е како ништо не работет, е како не се зафатени политичарите наши. Е како со шо. Па неглеш бре како пркосно работат да ги заебет изборите? Фрлени се со све и сешто да немат избори, да се одложат, да се….Види го. Абе не ги бранам ти кажвам реално. Од секош сум тврдел дека на прво место му им е народот, да е сиромав, секош на прво место им е државава, секош….
Ар батали за инат зборвиш против нив. Шо и да напрает та едните та другите, не те бендисвит. Море ало тие се опраа од работа. Е ај да те видам дал би се нафатил сега ко нив засношти во 2 и пол после полнош да ја земиш моторната пила и да пресечиш 47 дрва? Мојш? Ете го пак. Заинат сега. Как не биле дрвата бели дробој на градот. Да те прашам нешто. Си видел ти некое дрво да кашлат? Е па не. Не туку лажите, зш ак беа бели ќе гровтаа ко прасиња а не ….
Туку слушај сега да не се караме за политикава, да не те откажвам во весник дек не ми си појќе брат по 20 – ти пат, дај да се мобилизираме и да го решиме проблемот со загадувањето во Скопје посебно во Аеродром. Пак тој дрвата, та дрвата погла ти скокале. А ќе се прчиш после цела НСРМ ко ќе е барокна. Ќе ме молиш како шо средив да се викат државава НСРМ , да средвам после да е БНСРМ.
Значи да се организираме. Остај ги политичариве имет работа, пред све да изберат членој на ДИК. Зш само то не спасвит. Пак тој. Как да не, как немало годишно 1350 смртни случаи од рак на градите, как да не. Абе кај се видело то. Уште не ти е јасно дека секој шо умират умират од смрт. Как да не, рак на градите. Од гради мојш само да се возбудиш, посебно ако имат големи пупки и ак….а извини. Ти ми зборвиш за бели дробој.
Е ај да се сконцентрираме да го решиме проблемот. Морат прво да го ограничиме еден дел од населението да не дишит нон стоп. Значи мораме да напрајме распоред на дишење. Пример….викам пример….жените да дишат понеделник, среда и петок, а мажите во вторник, четврток и сабота. Е тука те чекав да видам дал ме пратиш. Недела дишење јок. Како ам.
После ќе напрајме список со висина на месечни примања. Е како шо ќе ни е. Сите шо имет примања под 15 000 денари да дишат нон стоп, шо појќе да вдишат отровни честички зш тие и онака кај да е ќе умрет за леб. Е па ради то де го кладов овај критериум зш во главном и во државава и во Скопје се вакви.
После то најбитното според мене. Е сега ко ќе ти образложам да те видам во која дупка ќе се пикаш зш јадеше трици зш се потрошиле 630 милиони евра за споменици. Значи слушај вака. Алексо Македонски секој ден со коњот ќе ојт до Аеродром во зависност од денот, ќе ги земат тие шо немет право да дишат и ќе ги носит в центар. А мојт воинот на едно галопирање да изност и до 24 дишичи.
Е како можел 24. Па 4 позади газот негов, 4 пред стап…пред него, то се 8. Двајца ќе се држет за гривата на Букефал, 4 на опашката, по 3 – ца на секое маде то се 20. А ако е вторник, четвток и сабота, ќе мојт да стигнит до 24 зш мојт жените да ги закачит, малку погоре од мадињата на Букефал. Ќе ги растоварит крај Вардар да подишат и така неколку пати.
Дури и ќе му дајме и некој денар. Е како од каде? Делми излезе Државниот завод за статистика и кажа дека трошоците за живот ова година се намалени за 0.3 % во однос на лани. Знајш ти шо значит то? Лани лебот ако бил 30 денари, заштедвиш огромни 0,09 денари на леб. Значи ова година те чинит 29,91 денари. А ние ко шо сме лебари….рачунај по два леба дневно то тие тешко достижни 0,18 денари дневно. Е ај сега по 30 дена по 12 месеци….а а ? Колку идет кажи ми бре пљукач еден на све? Еееееее баша така. Алооооооо 64,8 денари годишна заштеда. Па мојш да си купиш куќа да си купиш стан со тие пари.
Е наместо то ќе му ја дајме цела заштеда на Ацета. Мада да ти кажам за тие пари и јас би клал и грива и опашка, абре и толкави мадиња би тегалел за тие пари. Пак нека ме јават народов, бар ќе менам да видам како е да те јават народ како политичариве. Не така ?
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив