Синоќа во 19 часот и 30 минути, на паркинг простор во близина на плоштадот кај Чинарот во центарот на Охрид, со кој стопанисува Јавното претпријатие „Билјанини извори“, нарушен бил јавниот ред и мир.

Како што информира СВР Охрид, 35 годишен жител на Вевчани извршил физички напад врз 46-годишен вработен во Јавното претпријатие. Напаѓачот упатувал навреди и закани и кон полициските службеници кои интервенирале  во случајот. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

OhridNews