Народниот театар од Охрид вечерва (вторник), премиерно ќе ја изведе претставата „БААЛ“, работена по дело на Брехт, а во режија на Андреј Цветановски.
Нашиот Баал е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме. Конфликтот на најголемиот антијунак со својот човек во себе, судирот меѓу нагонот и рациото на отфрлениот во општеството“. – вели режисерот Цветаноски.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ Тодороска, Дамјан Цветановски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Павел Маслов, Филип Кипровски и Тони Денковски.
Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата ја потпишува Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.
Билетите за премиерата на новата претстава на Народниот театар Охрид се распродадени.
OhridNews