Народниот театар Охрид, во недела 26-ти јуни, гостува воСкопје на Меѓународен фестивал на комедијата „Гола Месечина“ со претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов.

Претставата „Парламентарки“ е работена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.

Фестивалот „Гола Месечина“ го организираат Општина Аеродром и Театар Комедија, а се одвива од 20 – 29 јуни, на отворена сцена во спортски Центар во Ново Лисиче. 

OhridNews