Засега во Охрид топол оброк обезбеден е за 84 социјално загрозени лица. Пред се опфатени се стари и изнемоштени лица, бездомници и корисници на постојана парична помош кои не се во можност да подготвуваат храна.
Од Центарот за социјални грижи и општинскиот Црвен крст во неколку наврати е потенцирано дека постои реална потреба од зголемување на бројот на оброци кои се делат во народната кујна, со оглед на фактот што на ниво на општината е регистриран многу поголем број лица на кои им е потребна ваквата помош.
Дали ќе бидат доделени дополнителни средства за подготвување на поголем број оброци зависи од министерството за труд и социјална политика под чија иницијатива, а во соработка со подрачниот Центар за социјални грижи, минатата година беше отворена народната кујна.