Народниот театар Охрид со претставата „Аналфабет“, во четврток, 14ти септември, ќе гостува на седмииот по ред Интернационален театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

„Аналфабет“ е комедија работена според делото на Бранислав Нушиќ, а режијата е на Ѓорѓи Ризески. Претставата извонредно беше примена од охридската публика, а на фестивалот „Гола месечина“ во Скопје се закити со „Гран При“ награда.

Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

OhridNews