Народниот театар од Охрид и денеска ќе учествува на реномираниот македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп кој се одржува по 48-ми пат.

Охридскиот театар ќе настапи со претставата “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски. Учевствуваат актерите: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот. Музиката е на Горан Трајкоски, свират Даниел Чуркоски – клавир, Ѓоко Алоски – труба и хармоника и Даниел Танески – кларинет.  Инспициент и организатор е Филип Ангеличин – Жура, а останатиот дел од екипата се: Владо Ѓорески – Рафик  сценограф, Благој Мицевски костимограф, Зоран Левески светло мајстор, изработка на сценографија Предраг Јовановиќ-Бато и Номче Џулески, Борис Велјаноски реквизитер и Деса Лазоровска гардеробер.

Претставата “Малограѓанска Свадба” влегува во официјалната програма на фестивалот во конкуренција со најдобрите претстави од останатите театри за минатата година.

Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” е востановен 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма – Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни.

OhridNews