Националната установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид/Народен Театар Охрид повторно гостуваат,  овој пат на театарски фестивал за деца и младинци “Малиот Принц” во Штип.

Тие вечерва ќе ја изведат детската претстав „Алиса во земјата на чудата“ од англискиот писател Луис Карол, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Павел Маслов, Ивица Цонев.

OhridNews