Македонската млада селекција претпре убедлив пораз на Билјанини Извори 3-0 од соодветната селекција на Албанија. Македонските надежи делуваа изгубено на теренот, анемично без идеја и како резултат на тоа беа надиграни и поразени од екипата која знаеше што сака.


Одличниот старт, гостите го крунисаа со погодок во 12 минута. Бавната последна линија во македонска одбрана немаше решение за Хиса и Јонузи. Потфрли и средниот ред кој требаше да ја организира играта во која немаше топки за нападот каде беше отсеченеиот но и незаинтересираниот Славковски кој дури пет пати се најде во недозволена позиција.

Конкретната гостинска екипа до 2-0 стигна на истекот на првиот дел во кој ниту еднаш не се заканија нашите.


Игратата живна по серијата измени Петров, Шабани и  Таири внесоа свежина во играта. Најсериозните прилики на стартот на вториот дел ги имавме преку Славкоски кој “мрзеливо “ биеше со глава, додека најизгледната прилика по акцијата на Петров и Шабани ја имаше Ибраими кој двесетина метри ја водеше топката за да на крајот се судри со гостинскиот голман.


Сите надежи за поволен резултат беа срушени на 15 минути пред крајот кога Галица се прошета низ македонската одбрана и не себично му асистираше на Арбери.

М.П.