При  извршен претрес во стан на улицата „Богомилска“ во Охрид, пронајдена е помала количина  опојна дрога марихуана, две гранчиња од растението канабис сатива како и четири отпушоци од рачно изработени цигари со марихуана.  Инспекторите од оделението за борба против дрога, при претресот, во тек на злоупотреба на дрогата, ги затекнаа: Н.Ц.(23), Ј.П.(20), Р.Т.21), Г.Б.(22) К.К.(19) познати наркозависници,сите од Охрид, соопшти полицијата.


Пронајдената  марихуана  како и останатите предмети, се одземени и испратени на вештачење, по што против проведените ќе бидат поднесени кривични  пријави.


Против овие лица, во изминатиов период, СВР Охрид има поднесено повеке кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

OhridNews