Согласно годинешната Програма за поставување урбана опрема од времен карактер, најголемиот дел локации за поставување сладолед – фрижидери се вдолж Кејот на езерото. Петте предвидени локации за продажба на книги се на потегот помеѓу комплексот „Летница“ и ТЦ „Амам“, од страната на која се наоѓа Поштата. На потегот од комплексот „Летница“ до ТЦ „Амам“ од страна на Корзото се десетте локации за уметничка дејност. На поплочената патека од „Горна Порта“ до „Плаошник“ ќе се врши продажба на сувенири на вкупно 10 локации.


                                                        
Распишаниот оглас за издавање на времено користење простор за поставување урбана опрема заврши, а Комисијата за јавни набавки, согласно законските одредби и условите во Огласот, го изврши рангирањето на најповолните понудувачи. Оние правни и физички лица со регистрирана дејност кои се избрани за најповолни понудувачи,  штом ги потпишат договорите за закуп, најдоцна  до 15- ти јуни, ќе може да ги постават тезгите на добиените локации.

Ohridnews