Од утре па во наредните 14 денови градинките, училиштата и факултетите нема да работат, а се забрануваат јавни собири и манифестации на отворен и затворен простор на кој се очекуваат повеќе од 1.000 лица, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што рече министерот, еден од родителите на децата до 10 години ќе биде ослободен од работа за да може да ги чува децата, а притоа отсуството од работа ќе му биде платено. Министерот потенцираше дека мерката се однесува како за вработените во државните, така и за оние вработени во приватните институции.
Во овој правец Филипче апелираше да се избегнува одење во игротеки или слични места каде што децата би биле во контакти со поголем број на други деца.
OhridNews