Поради топлотниот бран кој ја зафати земјава, од министерството за здравство денес со препорака- бремените жени наредните два дена да бидат ослободени од работните обврски. Истото се однесува и за градежните работници за кои се препорачува да не работаат на објектите во периодот од 11 до 16 часот.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, изјави надеж дека овој пат препораките дадени од министерството ќе се почитуваат од страна на работодавците, затоа што тоа сепак зависи од нивната одлука.

OhridNews