Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре, претпладне ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Попладне врнежите ќе престанат и ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура во Охрид ќе биде 4 степени, а максималната до 9.

Во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот со локален дожд во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во западните делови. Слично време не очекува и во среда и четврток.

Максималната температура во Охрид ќе биде од 5 до 8 степени, а минималната од 0 до 5 степени целзиусови.

OhridNews