Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека наредните неколку дена не очекуваат пониски температури и променливо време.

Утре, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во Охрид максималната температура ќе биде 26, а минималната 16 степени.

Во среда и четврток се очекува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во Охрид ќе биде од 17 до 19 степени.

Повторно стабилизирање на времето се очекува во петок.

OhridNews