Нареднитевтри дена, 18.07.2020 год.(сабота), 19.07.2020 год. (недела) и 20.07.2020 год. (понеделник), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено oхридското крајбрежје од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница и Коселска река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. – информира Центарот за јавно здравје.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.
OhridNews