Ноќта меѓу 24-ти и 25-ти октомври 2015 година завршува летното сметање на времето, а стрелките на часовниците се поместуваат еден час наназад. Така три часот по полноќ ќе се смета како два часот.
Зимското сметување на времето почнува последиот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.
Воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес. На 21 мај 1916 година Велика Британија, следејќи го примерот од Германија, по прв пат го воведува летното сметање на времето. Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на 4 последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично.
Во Европа, во 1996 година постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од месец март, точно во 01:00 часот наутро според универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време.
OhridNews