Во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, на 14-ти октомври 2015 година во Струга ќе се организира Саем за вработување. Со овој настан ќе бидат опфатени работодавачи од приватниот сектор, невработени лица, ученици и студенти од Југозападниот регион на Македонија
Саемот за вработување претставува можност за директно поврзување на работодавачите и лицата кои бараат работа.
Работодавачите ќе имаат можност да ја презентираат својата дејност, условите за работа и за вработување, потребите од работна сила и своите развојни планови. За таа цел на располагање ќе имаат бесплатни штандови, каде ќе можат да ги постават своите рекламни материјали. Исто така, ќе имаат можност и да остварат директен контакт со заинтересираните посетители, кои ќе можат да остават свое CV, да дискутираат за прашања од нивен интерес и слично.
Самот во Струга е дел од вториот караван на Саеми за вработување на АВРМ. Во рамки на првиот караван беа одржани саеми за вработување Скопје, Неготино, Штип, Охрид, Струмица, Битола, Куманово и Тетово.
OhridNews