Продолжува периодот на невообичаено високи температури за овој период од годината. Во текот на денот ќе преовладува сончево и пријатно време, со мала до умерена облачност. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 12 степени Целзиусови.

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, ќе биде и во понеделник. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 4-от степен, а масималната ќе достигне 12 степени.

И во вторник се очекува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе биде магливо и постудено. Утринската температура ќе се движи во интервал од -3 до 6, а дневната помеѓу 8 – 17 степени Целзиуови, информира УХМР.

OhridNews