Утре во раните претпладневни часови во западните делови ќе има локален слаб дожд, додека преку денот насекаде ќе биде сончево со умерена облачност, информираат од УХМР. Ќе дува умерен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура во Охрид ќе биде 5 степени, а максималната 14.

Од вторник до четврток, се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ветар од променлив правец. Минималната температура во Охрид ќе биде од 3 до 6 степени, а максималната од 6 до 12.

OhridNews