По извршен увид од Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена, издадена е наредба за обдукција на починатото лице.

По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење, и интензивно се трага по сторителот.

Починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама.

OhridNews