Иако новата школска година започна, нарачката на бесплатни учебници основните и средни училишта ќе почнат да ја прават дури од денеска, информираше Здружението на издавачите и книжарите на Република Македонија.

Бесплатните учебници се наменети за учениците од семејства  кои примаат социјална помош, а  средствата се обезбедени од државата. Во Охрид над двеста социјално загрозени семејства  извадиле потврда за матерјалната состојба со која ќе можат да аплицираат за бесплатни учебници.

Училиштата се жалат дека немаат доволно информации за начинот  на обезбедување и распределба на бесплатните учебници и дека се доцни со реализација на овој владин проект. Инаку како што најави владата, догодина сите  учебници во основното и средно образование ќе бидат бесплатни.

Ohridnews