Гостинка во ресторан во САД пронашла редок виолетов бисер додека вечерала предјадење од школки и други морски плодови. Линзи Хан вечерала со својот сопруг Крис во италијанскиот ресторан “Montalcino” во Исакуаха, кога одеднаш каснала нешто тврдо во своето предјадење од школки. Не била сигурна за каков предмет се работи, па го ставила во џебот и го однела дома.

 

Откако се обратила кај стручно лице, утврдиле дека станува збор за редок виолетов бисер „Квахог“, вреден повеќе од 600 долари. Се работи за еден од најретките бисери кој може да се пронајде во една од милион школки. Од италијанскиот ресторан порачуваат дека се среќни поради реткото откритие. Линдзи за телевизијата Комо изјави дека планира од бисерот да направи огрлица.