Постар човек од Тревизо се нашол во нималку убава ситуација откако жестоко се скарал со својот син. Тој, имено, нарачал проститутка, а на вратата се појавила девоката на неговиот син, инаку по потекло од Јужна Америка, пренесуваат италијанските медиуми.

 

На обајцата им било многу нелагодно и набрзина се разделиле. После тоа збунетиот татко одлучил на синот да му каже дека девојката му е проститутка, а не келнерка, како што тврдела. Но, наместо на неа, синот полудел на него и се степале. Целиот настан се случил пред четири години, но за него се дознало дури сега, кога случајот завршил на суд бидејќи синот одлучил да го тужи таткото поради повредите. Судијата не успеал во намерата да ги смири, а сослушувањето засега е одложено. Не е познато дали синот сеуште е во врска со девојката поради која ги заладил односите со својот татко.