Мистериозно момче кое засега е познато само како осамениот јавач се појавил во МекДрајв ресторанот во Мористон, Велика Британија, и откако купил Биг Мек одјавал во мракот. Двајца изненадени посматрачи го снимиле и видеото го објавиле на Ју Тјуб. Тој дојавал на црнобел коњ и нарачал Биг Мeк и помфрит.


Продавачката мирно го прашала дали сака и Кока Кола, на што јавачот одговорил дека е за фанта. Додека ја чекал нарачката продавачката му дала една хартиена вреќа со моркови за коњот. Кога ја добил храната јавачот платил и заминал.