Генералниот Секретар на ФИБА Европа, Нар Занолин доаѓа во работна посета на Македонија (19-21.05), и ќе направи обиколка на Охрид и Скопје, домаќините на У20 Европските првенства во јули оваа година. Покрај Занолин, во делегацијата на ФИБА Европа ќе биде и Олаф Рафнсон, член на бордот на ФИБА Европа и менаџер на работната група за развој на ФЕ.


Нар Занолин при првата посета на Охрид

– Се радувам што повторно доаѓам во посета на вашата прекрасна земја. Ме воодушевија капацитетите на Охрид, но и целокупното историско наследство кое го има овој град и кое со задоволство повторно ќе го видам – вели  првиот оперативец на ФИБА Европа.

Гостите ќе имаат средби со градските челници на Охрид и Скопје, како и со градоначалниците на неколку други општини на кои ФИБА Европа и КФМ донираат кошаркарски семафори за салите што ги гради Агенцијата за млади и спорт.

Раководството на КФМ на гостите ќе им ја претстави платформата за позиционирање на регионален ФИБА Европа центар во Охрид, за развој на тренери, судии и кошаркари. Овој центар, треба да ги собира тренерите, судиите, кошаркарите и други инволвирани во овој спорт од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, БиХ, Црна Гора и Романија, како и од други земји во регионот.

Ohridnews