Лаки е куче напуштено од сопствениците кое изминативе неколку недели шеташе по охридските улици. Машко е, старо околу три години и со мал раст. Вакцинирано е, прочистено од паразити, има стекнато хигиенски навики и одлично се сложува со други кучиња и мачки. Лаки е многу мирен и совршен е за во домашни услови. Моментално е привремено згрижен но доколку набрзо не му се најде дом ќе мора да биде пуштен на улица.

Бидејќи претходно бил чуван во домашни услови, тешко ќе се снајде на улица. Ве молиме ако некој има желба да го вдоми, ќе добие прекрасен миленик и пријател.

Контакт телефон: 075 53 63 71

OhridNews