На зградата наспроти маларичната во која се сместени повеќе партиски седишта, невладини организации и канцеларии на социјални работници и се заканува сериозна опасност, откако ѕидовите во средината од објектот напукнаа повеќе сантиметри.


Луѓето кои секојдневно доаѓаат тука на работа велат дека пукнатините во ѕидовите се појавиле неодамна, по отпочнување на градежни работи на друг објект во соседството. За проблемот тие ја алармирале општината која, како што ни беше посочено е сопственик на зградата.


напукнаа ѕидовите од зградата наспроти маларична

Вработените не знаат дали на зградата и се заканува опасност од уривање, но очекуваат надлежните да преземат мерки за санирање на оштетените ѕидови на зградата.

Ohridnews