Пукнатина на стариот чинар во населбара Кошишта предизвика оштетување на ова старо заштитено дрво кое се наоѓа во непосредна близина на станбена зграда.
Поради опасноста од дополнително оштетување нешто пред полноќ беше затворен дел од улицата „Абас Емин“ од кружниот тек кај пазарот до нагорнината која води до Горна порта.
Местото околу чинарот е обележано со лента, а просторот го обезбедува полиција.
Се очекува утрово екипи од надлежните служби да извршат проценка на оштетувањето и санација на чинарот.
Г.М.