Општина Охрид продолжува со градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс каде што ќе биде поставена Модуларната болница за третман и лекување на пациентите со КОВИД 19.
Деновиве беше расчистен делот околу општата болница, кој е тампониран и бетониран и подготвен за поставување на модуларната болница. Во текот на вчерашниот и денешниот ден, работните активности продолжуваат со асфалтирање на пристапните патеки, односно влезот и излезот до монтажната болница како и просторот околу самиот објект. – информира Општина Охрид.
Општина Охрид ќе обезбеди соодветен довод и одвод како и поврзување на електричната мрежа.
Модуларната болница која ќе биде поставена на оваа локација, ќе има капацитет од 40 легла и ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема. Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во Охридскиот регион. – велат од Општина Охрид.
OhridNews