Реконструкцијата на инсталациите на Хидробиолошкиот институт за одгледување на подмладокот на вештачки измрестената охридска патрмка кои се изградени пред 73 години, тече според предвидениот план.
Првата фаза, која опфаќа на изградба на фундаментот е речиси при крај. Бетонирани се основите на новото мрестилиште кое ќе биде од затворен тип.
Средствата се обезебедени со проект на институтот преку донација на Владата на кралството Норвешка во износ од околу 130.000 евра, а државата ќе донира дополнителни 23.000 евра, за изградба на биофилтер. На овој начин капацитетот на мрестилиштето се зголемува на 4,5 до 5 милиони единки подмладок на пастрмка кои во специјални услови се одгледуваат во период од 6, односно 9 месеци.
Со реконструкцијата мрестилиштѕето на Хидробиолошкиот институт ќе се вброи во таканаречените високо опремени мрестилишта и ќе биде едно од најсовремените на Балканот.
Изградбата на новото мрестилиште се очекува да заврши до април 2008 година.
Горан Момироски
фото: Васко Бујароски