Скопјанецот Константин Влахо е делегиран за главен судија на натперварот од 19 коло во Втората МФЛ помеѓу Напредок и Охрид во Кичево.


Помошници на Влахо ќе бидат Константинов Дејан и Хајдари Џенан. 4 – ти судија е Димитриевиќ Дејан сите од Скопје.

Влахо во досегашниот дел од првенството еднаш ја делел правдата на натпреварот на Охрид и тоа во деветтото коло против Беласица кој Охрид го загуби со 2-1.

Натпреварот се игра во сабота во 16 часот.

М.П.